Нема да има лидерска средба за прашањето со Бугарија
Foto

Нема да има лидерска средба за прашањето со Бугарија

Нема потеба од лидерска за сега за отворените прашања поврзани со соседна Бугарија, му одговорија и денеска од Бихаќка на Мицковски. Повикувајќи се на изјавата на нивниот лидер, но и премиер Заев додаваат дека земјава со Бугарија, има Договор за  добрососедство и соработка, кој  е потпишан и на македонски јазик и очекуваат  во духот на договорот , да продолжат  заеднички да ги градат односите двете земји.  

Сепак од ВМРО-ДПМНЕ и денеска од партиското седиште повторија зошто сметаат дека е неопходна лидеска , обвинувајќи ја СДСМ дека во односите со официјална Софија повеќе се фокусира на јазикот но не и на историјата .

Иницијативата за лидерска вчера од пресконференција ја предложи Мицкоски, посочувајќи дека сепак треба опозицијата да биде консултирана за овие прашања иако смета дека Бугарија нема да се осмели да ги попречи евроинтегративните процеси на земјава.

Ова прашање особено стана актуелно деновиве  откако копретседателите на мешовитата историска и образовна комисија не најдоа заедничко прифатливо решение за клучните историски прашања на средбите во Скопје.

Заканите од официјална Софија за можно вето се почесто се испраќаат како сигнал до Скопје од државниот врв во официјална Софија во пресрет и на меѓувладината конференција која Македонија треба да ја има најверојатно во декември со ЕУ. 

0 Коментари

Остави коментари