Нелегалната интернет продажба ги руши малите бизниси
Foto

Нелегалната интернет продажба ги руши малите бизниси

Нелегалната интернет продажба е во подем. Граѓаните се почесто нарачуваат на интернет, но и многу често се жртви на измама. Од Охридскиот чаршиски еснаф велат дека ваквата ситуација негативно влијае врз нивните бизниси.

За овој проблем од чаршискиот еснаф испратиле и допис до Владата и до други надлежни институции, но фидбек за жал не добиле.

Според податоците на Државниот завод за статистика, околу 25% од Македонците барем еднаш купиле нешто online. На интернет најчесто се купува облека и спортска опрема, потоа електронска опрема производи за домаќинство, хотелско и друго сместување.

0 Коментари

Остави коментари