Некои возбудени, други имаа проблем со тротинетот, трети амбиоциозно најавија „бравата ќе ја смениме“
Foto

Некои возбудени, други имаа проблем со тротинетот, трети амбиоциозно најавија „бравата ќе ја смениме“

Емотивно, пред новите почетоци пристигна на конститутивната седница најмладата пратеничка Артина Ќазими.

Од силна возбуда не можеше да даде одговор што очекува од новиот парламентарен состав, но и од нејзината улога во пратеничките редови. Но, сепак ги мина протоколите и влезе во собранието, за прв пат да седне на своето пратеничко столче.

Малку повозрасниот колега, претеникот Тимчо Муцунски пак, сакаше во европски стил , со електричен тротинет да пристигне на своето ново работно место.

„Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата. Ние треба да поставуваме пример, и наместо собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци, ајде да видиме и да разговараме како да ја заштитиме животна средина и собранието да се отвори кон тие алтернативни модели на превоз. Моето прво искуство беше непријатно и се надевам дека ќе можеме тие процеси полека да ги промениме.“ - изјави Муцунски.

На алтернативен начин, како што најавија, со велосипед пристигнаа и пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Дали така ќе продолжат времето ќе покаже. Но, фејсбук статуси сигурно нема да недостасуваат. Штом влегоа веднаш објавија селфи на фејсбук, а секако и порака :

„Чим им ВЛЕГОВМЕ, нема излегуење“, напиша Апасиев на што додоа и хаштаг „Бравата ќе ја смениме“.

За разлика од нив, останатиот дел од новите пратеници пристигнуваа со своите автомобили, а  здраствениот протоколот течеше, за сите подеднакво. Кај ниту кај еден пратеник, топломерот не покажа повисока температура. 

Еден по еден сите влегуваа. Повозрасните и поискусни колеги, сметаат дека токму овој подмладен состав треба да внесе нова енергија , а со тоа да се отвори и патот кон Европа.

„Се надевам дека ќе имаме правна држава, која ќе ни ја донесе Европа тука, а побргу ќе станеме и членка на Европската Унија. Се надевам дека оваа нова енергија ќе донесе нов начин на размислување и на владеење. Верувам дека, постарите по логика и по менталитет, лидери и политичари, нема да се најдат во овој парламентарен состав.“ - изјави Зијадин  Села Алијанса на Албанците.

„Многу е битен период , и ни треба повеќе политичка култура и политичка волја, да им служиме на сите граѓани а потоа на одредени политички партии.“ - изјави Африм Гаши - Беса.

„Ќе биде убаво да има убава вистинска дебата, да има малку помалку лични напади, а повеќе дебати околу политики, имаме важни 4 години пред нас, парламентот има голема улога.“ - изјави Никола Димитров СДСМ. 

„Да се обидеме да развиваме политика , во границите на правото, а не правото да го подредуваме на политиката. Јас лично имам намера сократовски да го вознемирам авторитарниот дух.“  изјави Гордана Силјановска ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме на главниот влез во исто време, под исти протоколи пристигнуваа и гостите на конститутивната седница. 

Седницата во својство на гости  ја следеа и претседателот  Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој не е дел од овој парламентарен состав, Христијан Мицкоски, како и останатите лидери на политичките партии кои се застапени во Собранието. претставници на верските заедници.

Под маска и под сите протоколи пристигнаа и американската амбасадорка во Скопје Кејт Мар Брнс, амбасадорот на Франција Кристијан Тимоније  како и останатите шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во земјата.

0 Коментари

Остави коментари