Нејмар го спаси Бразил од пораз, реми со Колумбија 2-2
Foto

Нејмар го спаси Бразил од пораз, реми со Колумбија 2-2

Репрезентацијата на Бразил ноќеска избегна пораз од Колумбија во пријателски натпревар одигран во САД. Најзаслужен за ова е Нејмар кој на првиот натпревар за него оваа сезона постигна гол и асистираше.

За потсетување, Нејмар немаше одиграно натпревар од 6 јуни кога го повреди стапалото на пријателскиот дуел со Катар, поради што го пропушти и Купот на Америка.

Конечниот резултат е 2:2 а покрај Нејмар кој погоди во 58.минута, гол за Бразил постигна и Каземиро во 19. минута.

Двоен стрелец за Колумбија беше Луис Муриел во 25. од пенал и во 34. минута.

0 Коментари

Остави коментари