Неизбежно е поскапување на струјата
Foto

Неизбежно е поскапување на струјата

Владата пред нова одлука - во 2022- та ЕСМ наместо 60 да обезбедува 100 проценти од потребите на домакинствата и малите потрошувачи.

Министерот за економија Крешник Бектеши во Трилинг на ТВ24 ги најави измените со образложение - граѓаните по Нова година да не се соочат со ценовни шокови. 

Неизбежно е дека ќе има поскапување на струјата, но за колку ќе пораснат сметките на граѓаните по Нова година засега официјално никој не открива. Енергетската криза во земјава е резултат на ненавремено анализирање и планирање смета професорот Константин Димитров.

„Пред 4ипол години рекоа ќе го отворат рудникот живојно, не е пипната ниту една лопата. Доцниме 4 ипол години. Доцниме со набавка на јаглен со месеци. Доцниме со однапред купена електрична енергија на берза со месеци....“ - вели Константин Димитров - МАЦЕФ.

Идната недела на затворена владина седница се очекува да се разгледа и производниот и финансиски план на ЕСМ. ТВ24 веќе објави дека неофицијално производната цена на струјата на ЕСМ кон универзалниот снабдувач, која е еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата, од сегашните 36 евра, ќе порасне на 45 евра за мегават - час, што е зголемување од околу 20 отсто. Уште едно од прашањата кое се отвара, а од кое исто така зависи крајната цена е дали ЕСМ ќе успее да обезбеди 100 проценти, доколку одлучи Владата. 

Извори кои биле присутни на состанокот на енергетските компании и Регулаторна пред две недели за ТВ24 брифираат дека и првичните пресметки на ЕВН покажале дека е потребно зголемување на струјата за потрошувачите меѓу 20 и 30%, и тоа во услови ЕСМ да снабдува 100% од струјата.

Но, од ЕВН за нашата телевизија велат рано е за пресметки - прво треба да се знаат влезните параметри на државните компании. Кога на ова би се додала и корекцијата на ЕСМ, која засега официјално не е потврдена, тоа би значело уште поголемо поскапување за граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари