Негативен рекорд на новозаболени со Ковид-19 во светски рамки - 292.527
Foto

Негативен рекорд на новозаболени со Ковид-19 во светски рамки - 292.527

Светска здравствена организација соопшти дека денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 – 292.527 лица.

Најголем пораст на инфицирани со новиот коронавирус има во САД, а потоа следат Бразил, Иднија и Јужна Африка.

Во изминатите 24 часа од последици од Ковид-19 починале 6.812 луѓе.

Претходниот рекорден број на новозабоени над 284.000 беше пријавен на 24 јули.

Речиси 40 држави минатата недела пријавија рекорден раст на новозаболени лица на дневно ниво. 

0 Коментари

Остави коментари