Неформалната економија има негативни последици врз општеството
Foto

Неформалната економија има негативни последици врз општеството

Неформалната економија има негативни последици врз општеството, работниците и креирањето на политиките во државата, о ваков заклучок стартува кампањата за справување со непријавената работа со наслов „За да имаш подобар персонал - грижи се подобро за персоналот“.  

Преку економските мерки на Владата, за време на кризата со пандемијата биле спасени 80.000 работни места, и значајно се ублажил падот на БДП, тврди министерката Шахпаска, но нагласи дека комплицирано било со оваа помош да бидат опфатени неформалните работници.

Во период од јануари до јуни 2021 од Државниот инспекторат за труд биле извршени вкупно 8.267 инспекциски надзори, при надзорите од вкупниот број изречени инспекциски мерки донесени биле 42 решенија за исто толку правни субјекти кои се однесуваат на непријавени работници.

Неформалното вработување учествува со 13,55% од вкупното вработување во нашата земја, а според анализата на ССМ работниците во неформалната економија не ги остваруваат работничките права, согласно законите и заработуваат помалку од оние во формалниот сектор. Тие имаат нестабилен приход и немаат пристап до задолжителните социјални фондови, а синдикатите досега не можеле да им овозможат правна заштита.

Учеството на неформално вработените во вкупниот број на вработени во 2019 година изнесува 16.05 проценти и е намалено за 2.55 процентни поени во однос на 2018 година или за 3.85 процентни поени во споредба со 2015 година. Половина од неформално вработените работат во земјоделскиот сектор.

0 Коментари

Остави коментари