Нефи Усеини заминал на операција во Турција
Foto

Нефи Усеини заминал на операција во Турција

Нефи Усеини заминал на операција во Турција, поради што утрово повторно е одложено судењето против него и брат му за нанесување повреди на Спиро Топаловски.

Одбраната на бизнисменот, кој на јавноста и е познат по спорните градби во Охрид, го информираше судот дека поради операција во Турција, тој не бил во можност да присуствува на денешното рочиште.

Во судот и денеска не се појави и оштетениот Топалоски. Неговата одбрана информираше дека тој во терминот на судење имал оперативен зафат на забите и не можел да зборува. Следното рочиште е закажано за 27-ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.

Браќата Усеини се обвинети за насилство, откако го нападнаа топаловски на јавно место летоска во Охрид.

0 Коментари

Остави коментари