Нефи Усеини: 11 години плаќам закуп и давачки кон државата, се води хајка против мојата фирма
Foto

Нефи Усеини: 11 години плаќам закуп и давачки кон државата, се води хајка против мојата фирма

Откако Владата и Општината најавија дека ќе ја уриваат – советникот на ДУИ во општина Охрид Нефи Усеини уверува - дивоградбата кај Стариот чинар е легална. Усени преку писмо до медимите појаснува дека за летната тераса „Луна“ уредно на општината и државата и ги исплаќа сите давачки. 

Посочува дека тој и неговата компанија Нефи ИК се мета на медиумска и политичка хајка. Усеини бара законот мора да важи еднакво за сите, но и да се задржи презумцијата на невиност се додека градот не одговори за неговиот случај.  

„Компанијата „Нефи ИК“ во чиј склоп е и ресторанот „Луна“, постои повеќе од 10 години, со повеќе од 200 вработени, социјално одговорна фирма што уредно ги плаќа обврските и давачките кон Северна Македонија. Затоа и ме чуди целата оваа хајка кон мене, започната од одредени медиуми, а продолжена од политичките партии, за локација за која што уредно имам поднесена и заверена документација во градот Охрид и за која што навремено ги подмирувам обврските кон градот, за закуп на летна тераса како закупец веќе 11 години.“ - вели Усеини.

Охрид пак почна со ревизија на сите дивоградби – од општината велат нема да ги вратат ингеренциите – дивоградбите ќе ги решава заедно со Владата.  

„Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено по Препораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје.“ - велат од Општина Охрид.

На 25 март Охрид му даде рок од 10 дена на Усеини сам да ги урне металната конструкција и платформата на која е поставена - оти немало одобрение за нивно поставување, ниту одобрение за градење на деловите од цврста градба во заштитеното јадро на Охрид, но платформата не само што не беше урната туку и интензивно беше завршена нејзината изградба, а пред неколку дена таа и свечено беше пуштена во употреба. Наспроти градот Усени тврди дека реновирањето на летната тераса било спроведено со изработен елаборат, со почитување на квадратурата за која што плаќал закупнина и за која тврди дека не го нарушува зеленилото или естетскиот изглед на плоштадот Крушевска Република. Дециден дека објектот ќе се третира како и сите дивоградби, односно дека ќе се отстрани беше и градоначлникот на Охрид Георгиевски.

Градот тоне во околу 1000 дивоградби, за кои инспекциските служби имаат констатирано прекршувања. УНЕСКО пак му даде рок на Охрид до февруари 2020 да го реши проблемот со дивоградбите.

0 Коментари

Остави коментари