„Неџби Хасан“ наредил да се запали материјалот со нелегалното прислушување
Foto

„Неџби Хасан“ наредил да се запали материјалот со нелегалното прислушување

Мирче Мицевски кој денеска сведочеше на судењето за предметот „Тврдина 2“ потврди дека со наредба на бегалецот Никола Бошковски, во базата „Брест“ биле запалени црни вреќи полни со хартија и регистри. Специјалното јавно обвинителство верува дека станува збор за 20.000 документи, меѓу кои и документација обезбедена со незаконско прслушување. На прашање на судот дали знае зошто е повикан, сведокот рече дека претпоставува дека тоа е поради уништување на документација.

„И порано, во повеќе наврати, се уништуваше документација. Станува збор за документи обезбедени со тактичко-оперативно следење. Во конкретниот случај бев повикан од началникот Бошковски кој ми кажа да повикам уште едно лице, но и да обезбедам комбе „рено трафик“ и возило „нибура караван“. Една од вработените ми рече да ги земам црните кеси во кои имаше хартија и регистри. Откако ги натоваривме се упативме кон базата „Брест“, каде не чекаше началникот Ванчо Цветковски.“ - изјави Мирче Мицевски.

Сведокот рече дека во базата „Брест“, која е во воениот дел на скопскиот аеродром, се било подготвено за палење на документацијата. Имено, местото каде што требало да се пали било оградено со камења, а имало и противпожарни апарати. Според Мицевски, комбето било полно со црни вреќи, а во „нубирата“ имало уште две-три вреќи. Тој се сети безмалку на сите имиња на членовите на Комисијата задолжена за иништување, но кажа дека не му е познато дали во „Брест“ се појавил и Никола Бошковски.

За случајот „Тврдина 2“ освен на споменатиот Бошковски им се судеше и на екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, но и шест вработени во УБК. Сите тие се товарат дека незаконски уништувале документација поврзана со незаконското прислушување. Во ноември  2017. година, вработените, за разлика од Грујовски кој беше осуден на ефективен затвор, беа осудени на условни казни. Имено, пет обвинети службенички во УБК добија по една година затвор кој им се заменува доколку во наредните три години не сторат ново кривично дело, а една вработена беше осудена на девет месеци затвор, односно на условна казна во траење од две години. Судењето за „Тврдина 2“ продолжува на 17. следниот месец за кога е предвидено да биде распрашан екс-насчалникот Ванчо Цветановски.

0 Коментари

Остави коментари