НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ПО ЕВРОПСКИОТ САМИТ
Foto

НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ПО ЕВРОПСКИОТ САМИТ

И по неколку дена од завршувањето на европскиот самит во Брисел и одлуките на Советот за проширувањето, францускиот печат со остри критики за позицијата на претседателот Емануел Макрон да стави блокада за почетокот на преговорите со Македонија и Албанија. Весникот „Ла Кроа" кој е близок до демохристијаните, во насловот пишува „Македонија дестабилизирана со француската одлука да и ги затвори вратите на ЕУ". Франција се најде осамена и обвинета за поткопување на кредибилитетот на Европската Унија во регионот на Балканот, пишуваат француските медиуми.

- „Ако Данска и Холандија изразија резервираност, Париз беше тој кој одби да ја преиспита својата позиција и покрај притисокот од другите земји-членки за време на Европскиот совет“. - Ла Кроа

Весникот ја осудува стратегиската незаинтересираност на Франција за Балканот од 2007 година" нарекувајчи ја пораката„збунета". Ле Монд, преку своите аналитичари, добри познавачи на Балканот, пишува дека „одбивањето на Емануел Макрон да ги отвори преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ е „повеќе од грешка". Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека Атина ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ќе биде фактор за стабилност во регионот, туку и инструмент за модернизација на соседните земји.

- „Многу пати од овде, од Солун, изјавив дека сме земја која повторно ќе биде лидер меѓу соседите на Балканот. Затоа очекувам земјите од Западен Балкан да одговорат правилно на нивните обврски поврзани со нивната европска перспектива“. - Кирјакос Мицотакис – премиер на Грција.

Владата го поткопува Договорот од Преспа, а потоа како изговор се повикува на негативните резултати од сопственото поткопување, коментира поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Одлуката за стопирање на планираниот почеток на претпристапните разговори на Северна Македонија со Европската унија е голема историска грешка, оцени бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Според неа Македонија заслужува да ги почне разговорите за членство во ЕУ, но и целосно да ги исполни условите што ги постави бугарската страна. Одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на српската политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Фајненшл тајмс. Тој вели дека Балканот треба повеќе да направи за зајакнување на регионалната соработка.

0 Коментари

Остави коментари