(Не)искористени природни ресурси за развој на туризмот на истокот од земјава
Foto

(Не)искористени природни ресурси за развој на туризмот на истокот од земјава

Имаат топла вода, ама не ја користат. Со геотермалната вода  општините од источниот регион во најголем дел загреваат само неколку оранжерии. Од општина Кочани каде овој ресурс  најмногу се користи и се затоплуваат и неколку институции и училишта, сметаат дека ова не доволно. Според градоначалникот Николчо Илијев, регионот испушта шанса за развој, бидејќи неколку соседни спа центри како Банско имаат геотермални води и со помал капацитет и пониска температура, но со вистинска стратегија на  Бугарија и носат 17 проценти од вкупниот приход од туризам.

Од општина Кочани во близина на градскиот базен веќе предвиделе и неколку парцели за изградба на спа хотели. Сметаат дека интерес ќе има со оглед на близината на Пониква, каде има услови за развој на зимски туризам. Позитивно поместуваење има и  во селото Бања откако општина Чешиново Облешево си го доби објектот на некогашната бања, што пропаѓаше неколку децении. 

Штип иако располага со топли води, што Владата уште пред неколку години ги даде под концесија, нема ништо од изградба на најавениот хотелски комплекс и спортски центар, а топлата вода единствено се користи во физикалната терапија и бањата Кежовица.

0 Коментари

Остави коментари