Не ги плаши короната, туристичките аранжмани за егзотичните дестинации хит
Foto

Не ги плаши короната, туристичките аранжмани за егзотичните дестинации хит

Британски сој на ковид 19 е утврден и кај вториот од сопружниците од Битола кои  по одморот на Занзибар завршија на болничка хоспитализација поради иницирање со корона вирус соопшти попладнево Министерството за здравство.

Сепак, меѓу граѓаните и здравствените работници се поголем е стравот и паниката дека после британската мутација која се повеќе ги полни болниците кај нас, ќе дојде и јужноафриканскиот сој со оглед на бројните патувања кои перидов ги прават граѓани кон оваа дестинација.

Од туристичките агенции кои ги контактиравме тврдат дека засега нема информација за други пациенти заразени од ковид 19 а кои се вратиле од Занзибар .Нема информација ниту за новозаболени или лица ставени во изолација во Битола по контакт со сoпружниците кои во Државава се вратиле на 26 ти а биле хоспитализирани три дена подоцна. 

Но, и покрај ризикот од заболувањето атрактивните понуди на агенциите и понатаму се доста барани. Ова најмногу ги плаши здравствените работници особено во градовите како Охрид кои се борат и со британската мутација.

И кај граѓаните постои вознемиреност и страв од можен нов бран на ковид 19. Инаку брачниот пар од Битола први симптоми на коронавирус пројавил два дена пред враќањето од Занзибар.

0 Коментари

Остави коментари