НБРМ со насоки за банките и штедилниците за поголема транспарентност
Foto

НБРМ со насоки за банките и штедилниците за поголема транспарентност

Поголема транспарентност и достапност на податоците за банкарските производи за граѓаните, а со тоа и поголема заштита на потрошувачите, се предвидува со насоките коишто беа донесени за содржината, обликот и начинот на објавување на податоците за најрепрезентативните кредитни и депозитни производи на банките и штедилниците за физички лица.

Насоките ќе почнат да се применуваат од банките и штедилниците од почетокот на август.

Од централната банка соопштуваат дека потпишувањето на овој документ во доменот на банкарскиот сектор е прв и значаен чекор од спроведувањето на првата национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто неодамна беше усвоена од страна на финансиските регулатори.

Објавата ќе ги опфати најрепрезентативните видови потрошувачки и станбени кредити за населението, како и најрепрезентативните видови депозити за населението кај банките и штедилниците.

 

0 Коментари

Остави коментари