НБРМ: Раст на стапката на инфалцијата
Foto

НБРМ: Раст на стапката на инфалцијата

Енергетската криза се продлабочува, а мерките за ублажување на последиците во земјава ставени на стенд бај поради изборите. 

Цените на енергенсите, кои силно влијаат и врз цената на храната и натаму вртоглаво растат. Од Народната банка денеска со став, растот на цените на енергенсите на свеските берзи и на центата на струјата сепак ќе предизвикаат раст на стапката на инфлација во земјава. 

„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација.“ - вели Анита Ангеловска-Бежоска- Гувернерка на НБ.

И додека регионот и светот секојдневно преземаат мерки со цел заштите на своите граѓани, од македонската Влада велат во избори сме, уверуваат дека ситуацијата се следи и нема простор за загриженост. Од Илинденска број 2 децидни - цената на струјата за домаќинствата до Нова година останува иста.

„Состојбата се следи и до крајот на годината не се очекува енормно зголемување на цените, а инфлацијата се очекува да остане во зоната на ниска инфлација. Напоменуваме дека додека трае изборниот период Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од Буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, ќе бидат донесени после изборите.“ - велат од Владата на РСМ.

И додека Македонија се наоѓа во изборен процес, чешката Влада донесе одлука во следните два месеци целосно да се укине ДДВ-то за струја и гас. Хрватска ги замрзна цените на прехрамбените производи и горивата. Мерки најави и сосдена Грција, Германија и други европски земји. 

Просечната цена на струјата на светските берзи достигна и до 200 евра за мегават-час, што е рекордна цена и речиси за три пати повисока од почеток на годинава. Кај нас досега се интервенираше само со мерката за увоз на јаглен за зголемување на домашното производство, и намалувањето на ДДВ-то за струја кое беше направено во јули годинава, дурги мерки за сега нема. А недлежните уверуваат дека од септември веќе имаме и стабилизирањеи на церните на мало и на трошоците за живот.

0 Коментари

Остави коментари