НБА-лигата ќе продолжи на 31 јули во Орландо, но како?
Foto

НБА-лигата ќе продолжи на 31 јули во Орландо, но како?

На синоќешниот состанок меѓу Адам Силвер, првиот човек на НБА-лигата и генералните менаџери на 30-те екипи, дојдено е до заклучок дека НБА-лигата ќе продолжи, најверојатно на 31 јули и сигурно без публика, во една сала, во спортскиот центар на Дизни ворлд, во Орландо.

Она што се уште се договара и истражува е по кој формат точно да продолжи најпопуларната кошаркарска конкуренција.

Во американските медиуми излегоа четири можни сценарија. Првото е да се доиграат натпреварите со сите 30 екипи, а потоа да има класичен плеј-оф, нешто што е најмалку веројатно да се случи.

Друго сценарио е да се оди директно на плејоф со 16-те екипи кои се на првите осум позиции на истокот и на западот во моментот кога лигата беше прекината, на 11 март. 

Другите два предлога предвидуваат некој нов систем на играње, едниот со 20 екипи, поделени групи, како на светско првенство, другиот со 22 екипи, кои би разигрувале еден против друг, пред да се влезе во плеј-оф.

Конечната одлука ќе биде донесена в четврток, со гласање на менаџерите на сите 30 тима.

0 Коментари

Остави коментари