Навивачи на стадионите во Англија најрано на почетокот на следната сезона
Foto

Навивачи на стадионите во Англија најрано на почетокот на следната сезона

Клубовите од Премиер лигата се надеваат дека за почетокот на следната сезона на одреден број гледачи ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите од првенството.

Пандемијата на коронавирус ги принуди газдите на тимови на Островот да преземат мерки да ги играат сите преостанати натпревари од првенството пред празни трибини. Според „Мирор“, сепак, постои сериозна надеж дека за почетокот на следната сезона да има можност да им се дозволи на навивачите да следат дуели во живо.

Во моментот, датумот за почеток на сезоната 2020/2021, за кој најинтензивно се дискутира, е 12 септември. Потоа се очекува да се утврди процентот на места на стадионите што можат да ги зафатат гледачите, сочувајќи одредени мерки за социјална оддалеченост.

0 Коментари

Остави коментари