Навални пуштен од болница
Foto

Навални пуштен од болница

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е пуштен од берлинската болница „Шарите“, каде што се лекуваше откако бeше отруен од нервниот агенс„Новичок“.

Лидерот на руската опозиција помина речиси еден месец на лекување во берлинската Универзитетска клиника, од каде велат дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето се уште не можат да се проценат во целост.

Недколку европски држави меѓу кои и Германија побараа од Москва објаснување за нападот , но руската влада останува на ставот дека нема никакви докази дека Навални токму во Рисја дошол во контакт со отровот.

Од руската опозиција веднаш обвинија дека Владимир Путин лично го наредил убиството на Навални..Според Францискиот весник „Ле Монд“, за време на разговорот меѓу Еманеуел Макрон и Путин, Рускиот претседател наводно порачал дека Навални можеби самиот се отрул со новичок бидејќи во минатото има неколку такви обиди. Веднаш реагираше Навални кој ваквите тврдења на Путин ги нарече нелогични.

„Мојот план беше да зготвам новичок во кујната, да го пијам полека во авион, да умрам и да завршам во мртовечница во Омск, каде што мојата причина за смртта ќе биде наведена како „живеел доволно долго“. Путин ме надигра. На крајот, поминав 18 дена во кома како идиот и не го добив тоа што го сакав.“ -напиша Навални на Твитер

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска порача дека првиот човек на Руската опозиција може да се врати кога сака во Русија кога и да посака. Според Песков, не е планирана никаква официјална средба со Навални, освен ако тој нема некоја информација која би можела да им биде од корист на безбедностите служби.

„Доколку пациентот добро закрепнува, му ппосакуваме брзо заздравувцање. Што се однесува до неговото враќање во Москва, како и сите други државјани на Русија, и тој е слободен тоа да го направи кога сака.“ - изјави Дмитри Песков.

На Навални му се слошило за време на летот од Сибир кон Москва, по што авионот принудно слетал во Омск, а на 20 август беше префрлен на лекување во Германија.

0 Коментари

Остави коментари