НАУМ ПОПЕСКИ ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО И ГРАНД ПРИ ОД 15-ТИНА ЛИТЕРАТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО ЗЕМЈАВА
Foto

НАУМ ПОПЕСКИ ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО И ГРАНД ПРИ ОД 15-ТИНА ЛИТЕРАТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО ЗЕМЈАВА

Истакнатиот поет за деца, Наум Попески, автор на околу 20-тина книги за најмладите читатели, како и на првиот бон-тон за деца во земјава, е добитник на наградата Гранд при, како и на наградата за животно дело за севкупното негово творештво кое трае веќе над пет децении.

Наградата му ја доделија околу петнаесетина книжевни литературни манифестации од нашава земја.

Попески целиот работен век го мина како новинар во весникот „Нова Македонија“, каде што работниот век го заврши како уредник на печатениот додаток за деца „Колибри“. Тој е и член на Друштвото на писатели на Македонија како и на Здружението на новинари на Македонија.

Попески е застапуван во сите читанки по македонски јазик за основно образование.

0 Коментари

Остави коментари