Народниот правобранител отвори телефонски линии за пријавување на повреди на избирачките права
Foto

Народниот правобранител отвори телефонски линии за пријавување на повреди на избирачките права

Во седум канцелари на омбудсманот ќе функционират телефонски линии за пријавување на повреди на избирачките права утре на денот на одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, соопштија од канцеларијата на народниот правобранител.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. 

0 Коментари

Остави коментари