Народeн правобранител: Отворена бесплатна телефонска линија за пријавување изборни нерегуларности
Foto

Народeн правобранител: Отворена бесплатна телефонска линија за пријавување изборни нерегуларности

Во канцеларијата на народниот правобранител, денеска, во периодот од 7 до 19 часот кога се одржува првиот круг од локалните избори ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Оттаму информираат дека за граѓаните ќе бидат отворени сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

0 Коментари

Остави коментари