Наполи ја совлада Фиорентина нагости со 4-3, Елиф Елмас дебитираше во Серија А
Foto

Наполи ја совлада Фиорентина нагости со 4-3, Елиф Елмас дебитираше во Серија А

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните дваесетина минути синоќа во гостинската победа на неговиот клуб Наполи против Фиорентина. За Елмас ова беше прв дуел во италијанската Серија А.

Мечот во Фиренца изобилуваше со голови и заврши 4:3.

Стрелци на головите за Наполи беа: Лоренцо Инсиње (два), Дрис Мертенс и Хозе Калејон.

За домаќините реализираа: Ерик Булгар, Никола Миленковиќ и Кевин Боатенг.

Претходно на отворањето на новата сезона, шампионот Јувентус на гости ја совлада Парма со 1:0.

Седум натпревари се играат денес, а колото ќе се комплетира утре со средбата Интер – Лече.

0 Коментари

Остави коментари