Намалувањето на ддв-то за струја пред пратениците
Foto

Намалувањето на ддв-то за струја пред пратениците

Нови препукувања на реалција власт - опозиција. Иако најавија поддршка на Законот за намалување на ДДВ-то за струја опозиционерите со критики до власта, иако се намалува данокот, нема пад на цената на струјата. Обвинуваат за корупција, манипулација, нов удар по џебот на граѓаните. 

Пратениците постигнаа договор точката да се најде на дневен ред, сепак јулските сметки за струја за граѓаните ќе бидат повисоки, бидејќи важи повисоката цена на струјата. Од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 насто ДДВ. 

И од македонската и од албанската опозиција велат на комисиската расправа власта не ги прифатила нивните амандмани. Според Алијанса за Албанците и Алтернатива, мерката за намалување на данокот за струја не треба да важи една, туку 10 години. 

Од власта со контра аргументи. Со намалувањето на ДДВ-то се кратат трошоците на домаќинствата. Со ова според нив нема да се почувствува двежењето на центата на струјата. 

Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти. Намалувањето на додадената вредност ќе важи само една година, до крајот на јуни 2022. Потоа ДДВ-то постепено ќе се зголемува за да се врати на ставката 18 отсто, што значи дека во 2023 сметките за струја ќе бидат повисоки.

0 Коментари

Остави коментари