Налепниците за возилата поминаа на собраниска комисија
Foto

Налепниците за возилата поминаа на собраниска комисија

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи новиот закон за возила, со кој се воведуваат еколошки налепници. Опозицијата ја поздравува намерата на власат да го намали загадувањето, но не го одобрува начинот кој ќе го прави тоа. Закон е нецелосен, набрзина направен и нема да ги даде потребните ефекти, велат пратениците. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека субвенциите што Владата ќе ги дава за хибридни и електрични возила, како и за вградување на плин, ќе завршат кај функционерите од власта и нивните блиски.

„Критериуми за делење не знаеме, накнадно ќе донесе и ние треба да речеме дека е добро. Пак ќе се делат на мои и твои луѓе.“ - вели Зоран Илиоски, ВМРО-ДПМНЕ.

За опозицијата е спорно и како ќе работат МВР, Брзата помош и јавниот превоз. Но и јавните претпријатија, каде 99 проценти од возила се постари од 10 години. А тие според предложениот закон, ќе добијат црвени налепници и нема да можат да возат во денови со висока загаденост. Предглачите тврдат дека намерата на законот е да ги поттикне јавните претпријатија да го обноват возниот парк. Но, дали ќе има ограничување, за нив ќе одлучува советот во општините.

„Како ќе донесе после самиот совет, не влегуваме на самостојноста на локалните самоуправи и на нивните одлуки како ќе ги ограничат и дали ќе ги ограничат, не сакавме да реагираме во законите.“ - вели Зоран Павловски, државен секретар во Министерството за економија.

Предлог-законот предвидува и субвенции од 5.000 евра за секое купено електрично возило, а 3.000 евра за купено хибридно возило. Во првата година по стапувањето на законот ќе се доделат вкупно 200 такви субвенции. Ќе се субвенционира и вградувањето на уреди на плин и метан, и тоа најмногу 50 отсто од трошоците или до 300 евра по возило.

0 Коментари

Остави коментари