Најмалку три жртви во шумските пожари во Австралија
Foto

Најмалку три жртви во шумските пожари во Австралија

Најмалку три лица ги загубија животите во пожарите во Австралија, додека противпожарните служби се борат да го спречат ширењето на огнот и предупредат на „катастрофалните“ услови што следуваат, а ќе го опфатат и подрачјето околу најголемиот град Сиднеј.

Во пожарите досега се уништени најмалку 150 куќи.

Локалните власти денеска го засилија предупредувањето дека на поширокиот регион на Сиднеј му се заканува пожар.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс предупреди дека се очекуваат високи температури, силен ветер и ниска влажност.

Во државата е прогласена рекордна бројка на пожари, при што околу половина од повеќе од 70 пожари кои горат во Нов Јужен Велс се уште не се под контрола.

Во Квинсленд горат повеќе од 50 пожари, а илјадници жители се евакуирани.

0 Коментари

Остави коментари