Најмалку 70 лица загинаа во пожар на воз во Пакистан
Foto

Најмалку 70 лица загинаа во пожар на воз во Пакистан

Најмалку 71 лица загинаа а 43 се повредени во пожар во воз во Пакистан. Пожарот избувнал во возот кога патувал низ провинцијата Пунџаб, на истокот од Пакистан. Меѓу многуте жртви има и деца.

Претставникот на локалната служба за вонредни состојби, Килим Улах, изјави дека меѓу повредените 11 лица се во критична состојба.

Преживеаните велат дека на возот му требало 20 минути да застане откако се опожарил.

Пакистанскиот премиер Имран Кан на својот твитер профил објавил, дека жали за несреќата и дека се моли за што побрзо заздравување на повредените.

„Длабоко сум растажен поради ужасната трагедија со возот, сочувство до семејствата на жртвите и се молам за брзо опоравување на повредените. Наредив итна истрага за случајот.“ - изјави Имран Кан.

Полицијата објави дека пожарот настанал по експлозија на плинска боца, која еден од патниците ја користел за подготовка на доручек, што е прекршок за безбедноста на возот.

Во пожарот уништени се три вагона.

Многумина од патниците се упатувале на верска конференција која ја организирале сунитски муслимани. Килим Улах додава дека бројот на жртвите ќе расне. Министерот за железници Шеик Рашед Ахмед изјави дека многу од жртвите погинале при скок за да се спасат од пламенот од возот во движење.

0 Коментари

Остави коментари