Најмалку 65 загинати во пожар во воз во Пакистан
Foto

Најмалку 65 загинати во пожар во воз во Пакистан

Најмалку 65 лица загинале во пожар што избувнал во патнички воз во Пакистан, пренесоа западните агенции, повикувајќи се локален провинциски министер.

-Според информациите што стигаа до нас од местото на инцидентот, загинати се повеќе од 65 лица, а уште 40 се повредени, изјави министерот за здравство на Пунџаб, Јасмин Рашид, прецизирајќи дека сите повредени се транспортираат до болниците.

Огнот во возот избил кога експлодирале канистери за гориво кои патниците ги користеле за подготовка на доручек, со што биле уништени три вагони од возот во близина на градот Рахим Јар Кан, на југот од провинкцијата Пуџаб.

-Разнесени се две печки за готвење, а маслото само го засилувало огнот, изјави министерот за железници, шеикот Рашид Ахмед за ТВ Гео.

„Повеќето од патниците настрадале затоа што скокнале од возот во движење“, додаде тој.

Пакистанската железничка мрежа од колонијалниот период пропадна во последните децении заради хронично недоволното вложување во модернизација и заради лошото одржување на постојната.

0 Коментари

Остави коментари