Најмалку 17 загинати и тројца повредени во пожар во хотел во Њу Делхи
Foto

Најмалку 17 загинати и тројца повредени во пожар во хотел во Њу Делхи

Во пожар утринава во хотелот „Арпит палас” во Њу Делхи загинаа 17 луѓе, а тројца се повредени, јавуваат светските медиуми. Пожарот е изгаснат.

Заменик-началникот на Противпожарната служба, Сунил Чудари, изјавил дека повредените се хоспитализирани, а двајца членови на персоналот на хотелот скокнале од четвртиот кат од хотелот во обид да се спасат, но нивната состојба се уште не е позната.

Според информациите, причината за пожарот не е утврдена. Властитете почнаа истрага за инцидентот.

Информациите се дека се спасени 35 лица, а повредените се пренесени во болница.

0 Коментари

Остави коментари