Најмалку 15 загинати во напад на муслимански сепаратисти на југ во Тајланд
Foto

Најмалку 15 загинати во напад на муслимански сепаратисти на југ во Тајланд

Најмалку 15 лица загинаа во напад на муслимански сепаратисти во јужниот дел на Тајланд, изјави портпаролот на тајландската армија.

-Нападот беше извршен синоќа во провинцијата Јала, врз два контролни пункта, изјави портпаролот на Памте Пром.

Тоа е еден од најсмртоносните напади од почетокот на 15-годишниот конфликт на мнозинскиот муслимански југ во државата во кој претежни живеат будисти.

Најмалку 7.000 луѓе загинаа во конфликтот. Нападите се ретки уште од 2014 година, кога војската воведе полициски час и редовни патроли.

0 Коментари

Остави коментари