„Најголемите хитови“ - традиционален василичарски концерт во НОБ
Foto

„Најголемите хитови“ - традиционален василичарски концерт во НОБ

 

Традиционалниот концерт по повод празникот василица во националната опера и балет ќе се одржи денеска. 

Овогодишниот концерт на НОБ е насловен „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани.

Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Настанот ќе се одржи според протколите предвидени за одржување на настани во затворен простор, при што ќе биде задолжително носење заштитна маска. А бројот на посетители е ограничен.

0 Коментари

Остави коментари