Најголема мултиетничка коалиција - СДСМ и БЕСА го официјализираа предизборниот договор
Foto

Најголема мултиетничка коалиција - СДСМ и БЕСА го официјализираа предизборниот договор

Официјализирана и првата мултиетничка - македонско - албанска предизборна коалиција меѓу СДСМ и Беса.

И официјално Заев и Касами заднички ќе го трчаат изборниот процес, но за сега не откриваат детали околу имињата и носителите на кандидатските листи но велат наскоро ќе бидат познати откако претходно деталите ќе ги испеглаат и со останатите коалициски партнери. Заедничка порака упатија и до ВМРО-ДПМНЕ, но и ДУИ.

Ова е веќе втора официјална предизборна коалиција но прва со меѓуетнички карактер со што се менува досегашната воспоставена пракса за предизборни коалиции.

Претходно пак Села и Гаши веќе најавија дека заеднички ќе го трчаат изборниот процес, а ДУИ за сега и натаму на ставот дека сама ќе оди на предвремените парламентарни избори. Наскоро се очекува и ВМРО-ДПМНЕ да информира со кого ќе го трча изборниот процес, додека пак ДПА на Тачи за сега не се гледа во коалиција со ниту една друга партија од македонскиот блок.

0 Коментари

Остави коментари