Најава за генерален штрајк на пазарџиите – законот ќе го дадат на Уставен суд
Foto

Најава за генерален штрајк на пазарџиите – законот ќе го дадат на Уставен суд

Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари. Велат дека не се задоволни со едногодишното одложување на примената на Законот за трговија на зелените пазари и бараат негово укинување. Маја Стојановска, претставничка на пазарџиите вели дека самиот начин како е донесен овој закон е дискутабилен.

 

 

„Законот е донесен по скратена постапка, а се знае кои закони се носат по скратена постапка, тоа се закони кои не се од големо значење, но не се сложувам дека овој закон не е од големо значење, бидејќи ги обединува сите граѓани од државата. Дискутабилно е да се учествува во нешто за кое самите признале дека не е добро, колку е уставно и колку уставот дозволува да преговараме за тоа во име на граѓаните.“

 

 

Од Владата информираат дека ги слушнале аргументите и барањата на пазарџиите на заедничката средба што ја остварија пред неколку дена и дека постигнале согласност да продолжат консултациите меѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни. Министерот за економија Крешник Бектеши повтори дека ова законско решение нема да е вакво какво што е и затоа е одложено за следната година. Стопанската комора, која ги застапува организаторите на пазарите е против тоа во законот да остане одредбата за Комората на трговци, со која е предвбидено да се плаќа, по 60 евра годишно, за лиценци од тезгаџиите.

 

0 Коментари

Остави коментари