Надлежните тврдат: Имало траги од метил акрилат во цистерната од Охис, но немало испарување
Foto

Надлежните тврдат: Имало траги од метил акрилат во цистерната од Охис, но немало испарување

Ситуацијата во „ОХИС“ под контрола - нема загадување на воздухот - по три дена од инцидентот  министеорт за животна средина Насер Нуредини излезе во јавноста – ги смирува граѓаните, вели нема простор за паника.

По анализите од штипскиот универзитет, кои покажаа дека во цевките на цистерната има траги од метил акрилат мономер  - но не испариле надвор, ресорниот министер и натаму без одговор на клучното прашање – Што се случило во петокот во ОХИС ќе се открива допрва.

Наспроти Нуредини, за министерот за здравство Венко Филипче – без заштитна маска не е препорачливо движење во и околу кругот на некогашниот хемиски гигант. Вели еден пациент по инцидентот во ОХИС бил примен на скопските клиники, откако не заштитен поминал во непосредна близина, по извршени прегледи пациентот е пуштен на домашно лекување.

Инспекторите од ресорното министерство велат се работи за имот кој не му припаѓа на Министерството за животна средина, доверителите распишуваат тендер и одлучуваат.

„Ние учествувавме само во еден дел, кога не консултираа на кој начин треба да се избере компанијата, односно кои се критериумите кои треба да ги задоволи компанија која може да се јави на тој тендер. Немавме никаква одговорност како Министерство за животна средина и просторно планирање во целата постапка.“ - вели Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Сектор за управување со отпад од Министерството за животна средина

При објавувањето на стечајот на ОХИС – објавен бил и тендер за чистење на заостанати 11 хемикалии – во тендерот биле пропишани строги услови дека сите хемиклаии треба да бидат изнесени надвор од земајва и компанијата или треба да има лиценца или договор со меѓународна компанија – со АД ОХИС во стечај со стечајниот управник по решение на судот.

Од компанијата ЕКОЦЕНТАР 97  која е задолжена да го спакува и изнесе хемискиот отпад надвор од Македонија, покрај тоа што порачаа дека  не направиле пропуст, а причината за инцидентот ја гледаат во дотраениот вентил кој попуштил, велат склучиле договор со консултанткса куќа лиценцирана за справување со опасен отпад. Станува збор за фирмата ЕКОМОЗАИК.мк која изработила елаборат и работела по свои упатства, велат од ЕКОЦЕНТАР 97. Од компанијата додаваат дека ова е прв ваков проект во земајва, и дека исто како и тие никој друг нема искуство со ваков вид на отпад.

0 Коментари

Остави коментари