Надал по четврти пат го освои УС опен, во финалето подобар од Медведев со 3-2
Foto

Надал по четврти пат го освои УС опен, во финалето подобар од Медведев со 3-2

Шпанецот Рафаел Надал е победник на годинашното издание од Грен слемот УС опен. Тој ноќеска во финалето, по речиси пет часа борба го совлада Русинот Данил Медведев со 3-2, по сетови 7:5, 6:3, 5:7, 4:6 и 6:4.

За Надал ова беше четврти трофеј во Њујорк и сега му фали само уште еден да се изедначи со Роџер Федерер.

Воедно за шпанскиот тенисер ова беше 19. Грен слем титула во неговата кариера.

Од друга страна, 23-годишниот Медведев остана без трофејот во своето прво Грен слем финале.

Надал беше втор носител, додека Медведев петти фаворит на турнирот.

Вкупниот награден фонд на УС опен изнесуваше 57,2 милиони долари.

0 Коментари

Остави коментари