Надал е последен четвртфиналист на УС - опен
Foto

Надал е последен четвртфиналист на УС - опен

Вториот турнирски носител Рафаел Надал е последниот четвртфиналист на Грен слемот УС опен. Шпанецот ноќеска во последниот осминафинален меч го совлада хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3-1 (6:3, 3:6, 6:1 и 6:2).

Противник на Надал во следната фаза ќе му биде Диего Шварцман од Аргентина.

Двојки за другите три 1/4финални дуели:

Беретини – Монфилс

Федерер – Димитров

Вавринка – Медведев.

Наградниот фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,2 милиони долари.

0 Коментари

Остави коментари