Надал без игра во третото коло на УС-Опен, Гоф обезбеди судир со Осака
Foto

Надал без игра во третото коло на УС-Опен, Гоф обезбеди судир со Осака

Трикратниот освојувач на титулата Рафаел Надал се квалификуваше без пласман во третото коло на УС-Опен откако Австралиецот Танаси Кокинакис, кој настапува со „вајлд карта“, се откажа од дуелот пред вечерната сесија.

Кокинакис, чиј дуел со Шпанецот требаше да се одржи на стадионот „Артур Еш“, се повлече поради повреда на десната рака, се вели во соопштението на организаторите.

Во спор за место во осминафиналето, Надал ќе се соочи со јужнокорејскиот тенисер Хун Чунг, кој направи целосен пресврт против сонародникот на Надал, Фернандо Вердаско по 1-6, 2-6, 7-5, 6-3, 7-6 (3). Во следното коло продолжуваат и Денис Шаповалов, Андреј Рубљов, Диего Шварцман, Ник Кириос, Тенис Сандгрен, Гаел Монфис и Марин Чилиќ.

Кај жените, тинејџерката Коко Гоф запиша тешка победа над Тимеа Бабош по 6-2, 4-6, 6-4 и обезбеди дуел против актуелната шампионка на „Ју Ес Опен“ и светски рекет број 1, Наоми Осака во третото коло од турнирот. 15-годишната американска сензација беше принудена да се бори на нејзиниот пат до победата и стана најмладата тенисерка по Ана Курникова во 1996 година стигна до третото коло на „Флешинг медоус“.

Напред продолжуваат и Јелена Остапенко, Кики Бертенс, Јулија Гергес, Кристи Ен, Дона Векиќ и Каролина Возниацки.

Сепак турнирот го напушти шампионката на „Вимблдон“ Симона Халеп, која загуби по тајбрејк во третиот сет од Американката Таунсенд Тејлор.

0 Коментари

Остави коментари