Над 20 лекари и медицински лица од Клиниката за нефрологија заразени со ковид-19
Foto

Над 20 лекари и медицински лица од Клиниката за нефрологија заразени со ковид-19

Над дваесет здравствени работници од клиниката за нефрологија добиле позитивен тест на коронавирусот во изминативе неколку дена. Од вкупно 25 лекари кои што работат 9 се позитивни, а вирусот е потврден и кај осум медициснки сестри двајца, болничари, еден лаборант, како и психологот кој работи со пациентите. Позитивна е и директортката на клиниката.

Заболените здравствени работници се со полесни симптоми. Засега не е познато како вирусот се проширил низ клиниката. Епидемиолозите ќе треба да утврдат дали е пренесен од пацинет или пак од вработените.

Директорката вели дека и за нив е изненадувачки што за прв пат од почетокот на епидемијата имаат толку масовно заразување на медицинскиот кадар.

„Зошто токму во овој период се случи да имаме толку голема бројка на доктори позитивни – најодоговрно тврдам дека на работното место нема групирање и се носат заштитните маски и целата опрема. Останува на епидемиолозите заедно да одговориме зошто имаме толкава бројка на позитивен персонал. Никој пат не може да се знае кој е нултиот пациент, дали вирусот го донел пациент или перосналнот бил позитивен бидејќи уште има позитивни насекаде околу нас, зошто токму ова се случи немаме ни ние одоговор, она што е најважно е дека нема отстапки во заштитните мерки останува на епидемиолозите да утврдат.“ - вели д-р Ирена Рамбабова Бушељтиќ директорка на УК за нефрологија. 

Директорката уверува дека отсуството на медицинскиот персонал кој е заболен нема да го наруши работењето на клиниката, која веќе неколку месеци е ковид центар - како дел од интерните клиники.„Продолжуваме да работиме. На третиот спрат кој што е КОВИД работат и колеги од пулмо, гастро и од други клиники, така што се надевам дека бројката ќе застане овде и ќе се справиме со регуларната работа и дежурствата, и се надевам дека брзо сите ќе се вратат на работното место, симптомите им се од саботата.“ - вели д-р Рамбабова Бушељтиќ.

Клиниката за нефрологија од почетокот на ноември минатата година е претворена во КОВИД центар, а во моментов капацитетите се максимално исполнети со пациенти. За случајот реагираат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинуваат дека властите не обезбедиле заштитна опрема за медицинските лица.

Според податоците на Институтот за јавно здравје од почетокот на епидемијата до сега повеќе од 3 000 здравствени работници се заразиле со коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари