На терен пробен попис – од партиските седишта препукувања меѓу власта и опозицијата
Foto

На терен пробен попис – од партиските седишта препукувања меѓу власта и опозицијата

Семејството Лековиќ живее во Зелениково. „Црно на бело" на нивната адреса живеат седум фамилијарни членови, но попишувачите запишаа шест, бидејќи еден од нив, иако се преселил во друга општина, не ги променил личните документи. Тоа лице, попишувачите велат ќе биде попишано онаму каде што живее подолго време, во согласност со препораките од Еуростат. 

„Toa e онаа болка наша што не сме си ги завршиле граѓанските должности, да се одјавиме од МВР и да се пријавиме на новото место на живеење. (Што ако беше Сиднеј да речеме?) Истото важи, доколку сака лицето ќе се попише, а после ние си одредуваме кое ние резидентно население“ - вели Бојкица Марковска, член на Државниот завод за стастика 

Граѓаните доброволно приложуваа лични документи, иако со новиот метод доволно е да го кажат својот матичен број, а самиот систем ќе ги пронајде, велат попишувачите. Иселениците можат да се попишат онлајн, или тоа да го направи тука некој од нивните блиски. Системот не дозволува можност за двојно попишување, децидни се надлежните. Оние што се во странство повеќе од една година, нема да влијаат на вкупниот број на населението.

„Има база на податоци, кои се вклучени во контролите, кои и понатака ќе се прават во Државниот завод за статистика, значи било како за тој што е над година дена или 30 години надвор, има систем како ќе се провери. Целта нас ние и да дознаеме колкава ние таа бројка надвор што е“ - рече Марковска.

Најголемата опозициска партија пак, гласно се противи на овие активности. Обвинува дека предложените законски решенија за Попис се донесени шверцерски, а доколку нема политичка средба и дебата, се заканува со бојкот. 

Доколку се истурка ваков попис ваков предлог текст без да се земат предвид барањата за средба и заедничко креирање на законот за попис, согласно меѓународните стандарди, таков попис може да ја доживее судбината на референдумот за името“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За власта пак, вели пописот не е политички процес, туку статистичка операција. 

„Опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ навремено беше вклучена во сите потребни работи коишто беа во однос на носење предлог законот којшто сеуште не е во Собраниска процедура и затоа мислам дека нивните обвинувања се навистина невистинити и дека едноставно не се точни" - вели Лидија Тасевска- пратеничка на СДСМ. 

Пописот треба да се одржи од први април наредната година а ќе чини најмалку 8 и пол милиони евра. За претходниот неуспешен обид од 2011 година, се уште нема епилог, иако Специјалното јавно обвинителство отвори истраги против тогашните коалициски партнери Никола Груевски и Али Ахмети, кои ги сомничи дека намерно го оштетиле уџетот речиси за 3 милиони евра. 

0 Коментари

Остави коментари