На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата
Foto

На седница пратениците ќе расправаат по одлуките за постоење вонредна состојба донесени од претседателот на државата

Предлог на одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба донесени од претседателот на Република Северна Македонија, објавени во Службени весник на РС Македонија се на дневниот ред на денешната собраниска седница.

Пратениците ќе дискутираат по Предлог на Одлуката за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-526/2, донесена од претседателот на Република Северна Македонија на 18 март 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 68 од 18 март 2020 година.

На дневен ред се и Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-607/2, донесена од претседателот на Република Северна Македонија на 16 април 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 104 од 17 април 2020 година, Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-682/2, донесена од претседателот на Република Северна Македонија на 16 мај 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 127 од 17 мај 2020 година, како и за Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-729/2, донесена од претседателот на Република Северна Македонија на 30 мај 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 142 од 31 мај 2020 година.

Пред пратениците, како што е најавено е и Предлог на Одлука за потврдување на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба број 08-777/2, донесена од претседателот на Република Северна Македонија на 15 јуни 2020 година, а објавена во Службен весник на Република Северна Македонија број 159 од 15 јуни 2020 година.

Како што е најавено, на агендата се и Предлог – одлуката за основање делегации, пратенички групи и други облици на остварување на меѓународната соработка на Собранието на Република Северна Македонија, поднесен од претеседателот на Собранието Талат Џафери.

На денешната седница е и Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за основање на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и Информација за состојбите со лозаропреработувачкиот сектор во 2020 година.

0 Коментари

Остави коментари