На пратениците не им се брза, автентичното толкување најрано на 11 декември на седница
Foto

На пратениците не им се брза, автентичното толкување најрано на 11 декември на седница

Идната среда,автентичното толкување најрано ќе се најде пред народните избраници. Првиот човек на законодавниот дом за ТВ 24 вели дека, процедурата е сложена, но и дека во Собранието мора да заврши комисиската расправа за буџет.

Според информациите токму правилата им ги кажал и на и на коордиаторите и предлагачите на состанокот устринава. Според извори од состанокот никој од присутните, меѓу кои и предлагачите немал дополнителна интервенција или став околу итноста на барањето. Собранискиот спикер порача дека постојат дилеми околку барањето.

„Иако постојат одредени дилеми во однос на барањето и членот 11 од Законот за помилување, должен сум барањето да го проследам во натамошна процедура.
А Уставниот суд, меѓу другото, треба да каже што значи неговата одлука од март 2016 година во која се наведува дека членот односно измените и дополнувањата на Законот се укинуваат.“ - изјави Џафери.

Дилеми има и опизицијата. Ја праша власта зошто толкувањето не е за спорниот член 11 а – преку кој се случи масовната аболиција на Иванов. Велат ќе ја поддржат иницијатива на власта, а порбара и поддршка за новиот закон со кој на аболицирани политичари ќе им се одземе можноста за учество во политиката.

Претседателката на законодавно-правната комисија Соња Мираковска пак најави дека ќе чека мислење од Владата пред да закаже седница. На прашањето зошто се бара да се толкува одредба што е укината, Мираковска вели дека „можеби нема да се толкува“

Барањето за автентично толкување се однесува на членот 11 од Законот за помилување. Законодавецот треба да го даде одговорот, има одредба, нема одредба, дали тоа значи имање процедура или не. Ако го барате мојот личен став – сметам дека членот 11 не постои затоа што во 2016 година со укинувањето на законот од 2009 може сите одредби да ги укине Уставниот суд, но не и да оживее одредба од законот од 2009, на која се повикува и претседателот за да даде помилување,Тоа е одлука која треба да се донесе – дали ќе се толкува или не. Но, во секој случај ЗКП, како матичното работно тело, ако се договориме, ќе побараме мислење и од Владата.

Опзоцијата од албанскиот блок пак со порака се против аболиција.

Од владата за тв24 велат дека иако утре има седница, се уште не знаат дали на дневен ред ќе се стави мислењето кое тие треба да го дадат за иницијативата на СДСМ во Собрание за помилувањата.

0 Коментари

Остави коментари