НА ПОЛНОЌ ЗАВРШУВА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБАТА
Foto

НА ПОЛНОЌ ЗАВРШУВА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБАТА

Нова понуда до Мицковски од Заев - избори на 8 ми јули откако вчера кај Пендаровски не се договорија за 5 ти . Лидерот на СДСМ денеска вели ќе побара од техничкиот премиер Оливер Спасовски и Владата вечерва на специјална владина седница да изгласаат предлог за продолжување на вонредната состојба од нови три дена . Во денешната изјава Заев вели нема да се држи фиксно до терминот 5 ти јули но како опција сега го наметнува 8 ми јули - среда .

Техничкиот премиерот Оливер Спасовски пак во денешната изјава посочи дека нема потреба од прогласување на нова вонредна и дека изборите мора да се организираат за да има функционални институции .

Од ВМРО ДПМНЕ пак по вчерашната лидерска денеска со обвинувања на адреса на шефот на државата Пендаровски. Во партиското соопштение наведуваат .

Сепак и од партиската говорница денеска велат избори се можни но само доколку постои гаранција дека здравјето на граѓаните нема да биде доведено во прашања но и кога избирачкиот список ќе биде прочистен , а мисијата на ОБСЕ и ОДИХР спремна со полн состав да го мониторира изборниот процес. Не се исклучува можноста и во текот на утрешниот ден да излезат со појасен став .

Шефот на државата Пендаровски пак вчера посочи дека нема намера да свикува нова Вонредна состојба поради Пандемијата , но доколку им се потребни уште неколку дена на Заев и Мицковски за договор постојат други правни основи по кои тој може да им го овозможи тоа .

Доколку не биде прогласена нова вонредна состојба веќе од утре почнуваат да течат преостанатите денови од кампањата до изборниот процес за избори на 5 ти јули 

Доколку пак партиите постигнат договор и согласност за 8 ми јули или друг поблизок датум во тој случај ќе треба или ново продолжување на вонредната состојба , или пак барање на други прави основи додека да се дојде до постигнување на договор со кој и најголемата опозициска партија би учествувала на изборите.

0 Коментари

Остави коментари