На плажа ќе се оди со маска
Foto

На плажа ќе се оди со маска

Маска на носот и устата, средства за дезинфекција на рацете, физичка дистанца од 1,5 – 2 метри на копно и во вода, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.

Ова се протоколите по кои ќе работат плажите сезонава. Задолжителни е и индивидуалните чадори  да обезбедат минимално растојание од 4 метри, и растојание од 1,5 – 2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител, а секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.

Се забрануваат групните спортови а не се препорачува ниту користење на гардероби на плажа. Епидемиолозите велат ова се мерки кои функционираат секаде низ светот, но најважно е истите строго да се почитуваат кај нас и во пракса, а не само на хартија.

Но, во моментов на Охридско струшкото крајбрежје поголем проблем од корона вирусот е тоа што голем дел од плажите се небезбедени за капачите. Од 35 активни плажи во Охрид безбедни се 12, а во Струга само две.

За да се спречат несреќи летово Црвениот Крст ќе објави и список со имиња на сите капалишта кои се безбедни и сите кои не ги исполнуваат условите. Надлежните упатуваат апел и до посетителите да ги посетуваат само безбедните плажи.

0 Коментари

Остави коментари