НА ОКОЛУ 4000 МЕТРИ ОД БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ПРОНАШЛЕ РИБАРСКИ МРЕЖИ СО РИБА ПАСТРМКА
Foto

НА ОКОЛУ 4000 МЕТРИ ОД БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ПРОНАШЛЕ РИБАРСКИ МРЕЖИ СО РИБА ПАСТРМКА

Нема крај за рибокрадството и покрај апелите за поголема контрола врз рибниот фонд. При вршење на патролна дејност во водите на Охридското езеро, вчера, од 9 до 14 часот, на околу 4000 метри од брегот на езерото, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ пронашле рибарски мрежи со риба пастрмка но сеуште не соопштуваат детали за случајот.

Инаку рибокрадството на охридското езеро е честа појава години наназад.и покрај апелите од екологистите и понатаму нема рибочуварска служба па нема ни целосна контрола врз изловувањето. Според нив неопходнаа е сериозна служба која ќе врши постојани контроли, бидејќи само на тој начин би се спречило се позачестеното истребување на ендемичните видови риби од езерото.

 

0 Коментари

Остави коментари