Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево беше во градската општа болница „8-ми септември“ за да го види Миле Јанакиески, кој беше донесен од истражниот затвор по денешниот инцидент. Но, на Мицкоски не му било дозволено да влезе во собата на Јанакиески.
Од градската болница пак пратија соопштение во кое велат дека екс министерот за транспорт и врски се пожалил на болки по телото и главата, но по извршениот лекарски преглед не биле констатирани никакви телесни повреди. Дополнително во сооштението од градската болница апелираат јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.
0 Коментари