На карневал во Хрватска запалени кукли на истополов пар со дете
Foto

На карневал во Хрватска запалени кукли на истополов пар со дете

Во текот на традиционален карневал во хрватското гратче Имотски, се запалени кукли кои претставувале истополов пар со дете.

Како што пренесе хрватски Индекс, запалена била и фотографија на пратеникот Ненад Стразиќ кој е член на опозициската СДП (Социјалдемократска партија).

Во карневалската поворка имало и деца кои го гледале палењето на куклите. Локалните медиуми јавуваат дека ова не е прв пат на карневалите во Хрватска да се палат работи кои се врска со хомосексуалците или симболизираат хомосексуализам.

Хрватскиот претседател Милановиќ, палењето на куклите го нарече срамно и кажа дека очекува соодветна реакција од институциите.

0 Коментари

Остави коментари