НА ДЕСЕТИНА ДЕНА ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС - ИТНИ АКЦИИ ЗА АПСЕЊЕ ВО АЛБАНИЈА
Foto

НА ДЕСЕТИНА ДЕНА ПО КАТАСТРОФАЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС - ИТНИ АКЦИИ ЗА АПСЕЊЕ ВО АЛБАНИЈА

Албанските власти спроведуваат акција на апсења во целата држава под обвиниение за убиство и злоупотреба на службената положба по разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември. Тимовите за истраги за земјотресот во Драч потпишаа 17 наредби за притвор на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење. Од вкупниот број издадени наредби уапсени се девет лица. По другите се трага, но постојат сомневања дека тие ја напуштиле земјата. Апсењата следуваат по ултиматумот на државниот јавен обвинител Олсијан Чела. Дел се осомничени за непочитување на стандардите за безбедност на објекти, вклучително и на два хотела. Четири лица се обвинети за намерно убиство на 24 жртви во земјотресот во Драч. Тројца од нив се сопственици на градежни фирми, додека едниот е раководител на секторот за урбанизам, кој дозволил да се вратат жители во оштетена зграда, во која потоа животот го загубил полициски службеник.

„Меѓу уапсените се Ружди Џека градител на хотелот „МираМаре“ и Абдула Осман градител на хотелот “Тропикал“. - Обвинителство Драч.

Албанската полицијата не успеа да го уапси градителот на четирикатната куќа на едно семејството во која животот го загубија осум членови, а кој веднаш по земјотресот ја напуштил земјата. Обвинителството во Драч повикало на распит 90 лица, инженери, сопственици на објекти, инвеститори. Истрагата опфаќа најмалку 60 градежни фирми. Нелегалното градење е еден од најголемите проблеми во Албанја по падот на комунизмот во 1990 година, кога голем број жители се преселија во градовите, што услови масовна градба, но со слаба контрола од власта. Земјотресот во ноември беше најсилен по оној од 1979 година, со јачина од 6,4 степени по рихтер а во кој животот го загубија 51 лице, а беше предизвикана и огромна материјална штета.

0 Коментари

Остави коментари