МЗТ Скопје и следната сезона ќе настапува во АБА2-лигата
Foto

МЗТ Скопје и следната сезона ќе настапува во АБА2-лигата

Екипата на МЗТ Скопје аеродром и следната сезона ќе биде дел од АБА2-лигата, откако управата на клубот реши да ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција која им следува како шампион на Македонија..

Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав“ - соопштија од МЗТ Скопје.

Аеродромци минатата сезона играа во финалето од ова натпреварување, кое за првпат беше во плејоф-формат против сикст приморска од Словенија и загубија со 3:0.

0 Коментари

Остави коментари