МЗ: Семејните прослави еднаш ја влошија состојбата со ковид-19, да не се повтори
Foto

МЗ: Семејните прослави еднаш ја влошија состојбата со ковид-19, да не се повтори

813 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се регистрирани во последното деноноќие во ковид центрите низ земјава, информираа денеска од министерството за здравство.

За истиот период дома се пуштени 23 оздравени пациенти. Вкупната бројка на пациети од почетокот на пандемијата е 1282 пациенти а има околку 190 празни болнички кревети во болниците.  

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало шеесетина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.“ - Министерство за здравство.

Во пресрет на празниците и многубројните слави во периодот што претстои, министерот за здравство Венко Филипче вчера од Прилеп потсети дека домашните прослави и групирања беа главна причина за влошување на состојбата за време на првиот бран од коронавирусот. Затоа, апелираше Филипче не смее да се дозволи истата слика повторно. 

Според Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи на повеќе од четворица на отворен простор во текот на целиот ден.

По апелот на Филипче денеска преку соопштение со огласи ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека секогаш кога министерот за здравство се фали дека врвот на заразата поминал, здравствените власти забележуваат нов црн рекорд како последниот од 41 починат човек. 

„Несериозноста на министерот за здравство ја чини Македонија се повеќе човечки животи кои немаат цена. Дека Филипче нема поим како да се справи со КОВИД-19 кризата говори и фактот дека само 15 отсто од населението е тестирано додека во другите држави тестирањето достигнува до 60 отсто. Филипче мора да престане да лаже дека се е под контрола и да си даде оставка.“ -  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

А по вчерашната средба со прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, министерот за здравство изјави дека мерките што сега се на сила даваат резултат па затоа нема потреба од нови рестрикиции за заштита од ширењето на заразата со коронавирусот. 

Според податоците на министерството за здравство до крајот на годинава ќе бидат поставени уште четири модуларни болници во Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга бидејќи во овие градови е критична ситуацијата со болничките капацитети.

0 Коментари

Остави коментари