МЗ: Нови 175 заболени, од кои 131 пациент во Скопје, петмина починати
Foto

МЗ: Нови 175 заболени, од кои 131 пациент во Скопје, петмина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2. 

Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72 г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60 г) примена на 5 јуни, пациент (64 г) примен на 8 јуни и пациент (59 г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72 г) примен на 30 мај. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.

 

0 Коментари

Остави коментари