МВР: Нема повредени, целосно изгоре сеат на 35-годишен скопјанец
Foto

МВР: Нема повредени, целосно изгоре сеат на 35-годишен скопјанец

МВР излезе со детали за пожарот во кој настрадаа неколку возила на паркинг во Ново Лисиче. 

Велат дека целосно изгорел Сета Алтеа на 35 годишен скопјанец М.Ј., но делумно биле опожарени и други две возила.

„На 09.08.2020 во 09,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. “АСНОМ“ на паркинг имало опожарено патничко моторно возило. Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило “сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени  две патнички моторни возила “фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко моторно возило “мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на К.С.(73) од Скопје“, нагласуваат од полицијата. 

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, повредени лица нема. 

Се работи на расчистување на случајот.

0 Коментари

Остави коментари